Mubarek Muhammed,Safiye Karabacak
30 Август 2016•Ажурирај: 30 Август 2016
ХАДРАМАУТ (AA) – Најмалку 28 лица загинаа во судирите што во градовите Таиз и Ал Бајда се водат меѓу силите лојални на јеменската Влада и бунтовничките сили на шиитското движење Хуси и единиците лојални на соборениот јеменски претседател Али Абдулах Салих, јавува Anadolu Agency (AA).
Кабинетот за односи со јавноста на провладините Сили на народното движење соопшти дека меѓу 28 загинати во изминатите 24 часа, имало 21 милитант на движењето Хуси, а судирите и понатаму траат. Оружените судири во Таиз се водат во самиот центар на градот, а во изминатите 24 часа загинале 16 припадници на бунтовничкото движење Хуси и седум припадници на провладините сили.
Портпаролот на јеменската војска, Мансур ал-Хасани, преку социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека провладините сили ослободиле пет локалитети во западните делови на Таиз.Неименувани извори блиски до јеменските провладини сили јавуваат дека слични судири се водат и во регионот Ал Бајда, а најмалку петмина припадници на движењето Хуси биле убиени во нападот на нивниот конвој во местото Зи Наим.
Провладините сили исто така пресретнале и заплениле три камиони коишто од Хадрамаут превезувале муниција во главниот град Сана, кој веќе две години е под контрола на бунтовниците.
Јемен е во длабока политичка и безбедносна криза којашто кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанската војна кога бунтовниците, предводени од шиитското движење Хуси, го заземаа главниот јеменски град Сана, а потоа и другите региони.
Претседателот на Јемен, Абд Рабо Мансур Хади и неговата влада избегаа во Саудиска Арабија, а јужниот град Аден моментално е административен центар на таа меѓународно признаена јеменска Влада.