Mustafa Keleş
30 Август 2016•Ажурирај: 31 Август 2016
ЊУЈОРК (АА) - Поранешниот амбасадор на САД во Анкара, Џејмс Џефри, зборуваше за даденото ветување кое не беше одржано од страна на САД дека ПЈД, која е огранок на терористичката организација ПКК во Сирија, нема да прејде на западната страна од реката Еуфрат. Тој изјави: „Од моето 35-годишно искуство можам да кажам дека доколку не останете верен на дадениот збор кон Турците, многу бргу ќе зажалите“.
Џефри учествуваше во емисија на радиото „Би-би-си“ и одговараше на прашањата во врска со операцијата „Штитот на Еуфрат“, која против терористичките закани на границата на Турција со Сирија, во областа на Џарабулус, ја спроведуваат Турските вооружени сили и коалициските воздухопловни сили.
Поранешниот амбасадор на САД Џефри изјави дека ДАЕШ е закана и за САД и за Турција. Тој истакна дека ПЈД, која претставува продолжеток на терористичката организација ПКК во Сирија и се обидува да ги заземе подрачјата во кои мнозинството е арапско население, за Турција претставува „сигурна закана“.
Раководството на САД на теренот го поддржува ПЈД бидејќи се бори против ДАЕШ, но оваа терористичка организација за цел не ја има само ДАЕШ, туку на северот сака да формира зона, рече Џефри и продолжи: „Турците се борат и против ДАЕШ и против оваа закана, и САД официјално изјавија дека го поддржуваат тоа“.
Џефри потсети дека раководството на САД дало свој коментар дека „не ги поддржува акциите на југот од Џарабулус“, и продолжи: „Заменикот-претседател Џо Бајден, во Анкара, јасно и отворено ѝ даде збор на Турција дека ‘Курдите ќе останат источно од Еуфрат и нема да се обидат да ги заземат териториите од западната страна на реката’. Турците тоа го прифаќаат, но ПЈД не прејде на источната страна од Еуфрат“.
Поранешниот амбасадор на САД во Анкара, Џефри, изјави дека САД не го одржале ветеното и додаде: „Од моето 35-годишно искуство можам да кажам дека доколку не останете верен на дадениот збор кон Турците, многу бргу ќе зажалите“.