Büşra Selvi Öğütcen
10 Јуни 2017•Ажурирај: 11 Јуни 2017
РИО ДЕ ЖАНЕИРО (АА) - Врховниот суд во Бразил со тесно мнозинство го ослободи од обвиненија претседателот на таа земја Мишел Темер, а според кои во текот на предизборната кампања илегално користел пари, јавува Anadolu Agency (AA).
Заврши судскиот случај кој се одвиваше во Врховниот изборен суд во врска со злоупотребување на политичката и економската моќ во изборните кампањи од страна на коалицијата Дилма Руселф- Мишел Темер, која победи на претседателските избори во 2014 година во земјата.
Во одржаното гласање во судот, четири од 7 судии гласаа против обвинувањата за Темер, додека тројца гласаа за прифаќање на обвинувањата.
Доколку гласањето ќе резултираше против Темер, за прв пат во државата еден претседател ќе беше разрешен од функција од страна на Врховниот изборен суд.
Луиз Фукс, судија кој гласаше против Темер, истакна дека обезбедување нелегални извори на фирансирање во предизборните кампањи е многу сериозно кривично дело.
Од друга страна, претседателот на судот, судијата Гилмар Мендес, кој гласаше против обвинувањата за Темер, вели дека е потребно да се оди на промени во изборниот законик, како и дека политичарите не треба да ја плаќаат цената на неисправниот систем.
„Потребно е системот да биде стабилен. Лесно е да се зборува за моралот и за борбата против корупцијата. И јас сакам тоа да се реализира. И ако се посакува, не може еден претседател постојано да се менува“, истакна Мендес, кој е близок другар со претседателот на земјата.
Џосли Батиста, еден од сопствениците на групацијата JBS, една од најголемите производители на храна за животни во светот, во март скриено снимил еден состанок на претседателот Темер.
Според скриените аудио-снимки, Темер му гарантирал на Батиста дека поранешниот претседател на Претставничкиот дом кој моментално е во затвор, Едуардо Кунха, ќе молчи.
Откако Батиста овие аудио-снимки ги предал на јавното обвинителство во рамките на истрагата за корупција, како и биле овие снимки биле објавени на медиумите, Федералниот врховен суд дозволил да се започне истрага против Темер.
Федералниот врховен суд во рамките на операцијата за корупција која сеуште продолжува во Бразил, дозволи да се започне истрага против осум министри, 29 сенатори како и 42 федерални пратеници.
Како резултат на анти-корупциските демонстрации кои се одржаа минатата година, поранешниот претседател бил шест месеци суспендиран од својата функција од страна на Сенатот, а потоа, како резултат на гласањето, беше разрешен од функција.