Serdar Açıl,Ömer Ürer
01 Февруари 2016•Ажурирај: 02 Февруари 2016
ШИРНАК (АА) - Во акција на турските безбедносни сили спасен е полицаец кои припадниците на терористичката организација ПКК го киднапираа на 10-ти декември минатата година во Чизре, во југоисточната провинција Ширнак, јавува Anadolu Agency (AA).
Полициската управа во Ширнак соопшти дека одделот за разузнавање ја утврдил локацијата на која терористите го држат киднапираниот полицаец Ајхан Каја и дека синоќа изведена е акција која резултираше со негово ослободување.
Здравствената состојба на ослободениот Каја е стабилна.
Каја е киднапиран на 10-ти декември кога група терористи го пресретнале неговото патролно возило и го одвеле во непознат правец.
Турските сили за безбедност спроведуваат опсежни антитерористички операции на југоистокот на земјата од средината на декември минатата година. Во местата Сур и Чизре досега се убиени околу 600 терористи.
Терористичката организација ПКК ги интензивираше оружените активности од крајот на јули минатата година. Оттогаш, во терористички напади во Турција убиени се најмалку 240 припадници на силите за безбедност.
ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и Европската унија.