Addis Getachew Tadesse
04 Јануари 2017•Ажурирај: 05 Јануари 2017
АДИС АБЕБА (АА) - Се проценува дека на 5,6 милиони лица во Етиопија им е потребна итна помош по сушата што погоди големи делови на таа источноафриканска земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Мола Митику, шеф на Комисијата за управување со катастрофи во изјава за АА потврди дека најтешко погодени од сушата се етиопските држави Сомалија, Борена, Гуји и Бале.
Како што изјави Митику, постојаниот недостаток на врнежи ги загрози поголемиот дел од жителите што живеат од сточарство.
Во останатите делови на земјата, количината на врнежи е во границите на нормалата, што укажува на крај на атмосферскиот феномен Ел Нињо, кој минатата година ги уништи посевите во Етиопија.
Податоците велат дека во 2016 година, поради сушата родот на посевите опаднал за 44 отсто, што погоди 10,2 милиони лица, а експертите рекоа дека тоа е најголемата суша во Етиопија во изминатите 50 години.
- Ситуацијата не се подобри -
„Веќе го започнавме процесот на снабдување на жителите со вода и сточна храна. Во најзагрозените подрачја испративме меѓународен тим и според првите процени, на приближно 5,6 милиони лица моментално им е потребна итна помош“, изјави Митику и додаде дека во финансиска смисла станува збор за 929,9 милиони долари помош што им е неопходна на Етиопјаните.