Elif Küçük
08 Август 2019•Ажурирај: 10 Август 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската хуманитарна организациија за човекови права и слободи (ИХХ) изгради здравствени центри во 11 различни места во Јемен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на ИХХ, секој ден се зголемува хуманитарната криза во Јемен каде што живеат 17 милиони лица кои имаат потреба од помош, а од нив 4,8 милиони лица се на граница на глад.
Жителите на оваа земја во која здравствените услуги се речиси запрени, може да опстојат само со помошта која ќе дојде однадвор.
Хуманитарната фондација ИХХ која без прекин доставува помош во Јемен, со секоја нова криза во оваа земја ги зголемува своите активности и им нуди помош на загрозените.
Во овие рамки, ИХХ со помошта на добротворци кои сакаат да помогнат, изгради здравствени центри во 11 различни места во Јемен, чии услуги годишно ги користеа 242.760 пациенти.
ИХХ планира да отвори и една мобилна клиника во јеменскиот град Мариб.
Од друга страна, оваа фондација во Јемен реализира различни проекти од областа на здравството, како борба против колера, доставување лекови, доделување хигиенски средства и слично.