Ruslan Rehimov
23 Ноември 2020•Ажурирај: 24 Ноември 2020
БАКУ
- Руслан РЕХИМОВ
Азербејџанскиот пензиониран мајор Чингиз Гехреманов се приклучи во операцијата што азербејџанската Армија ја спроведе во Нагорно Карабах и заедно со својот син го спасија од окупација селото во коешто се родени.
Мајор Гехреманов, кој во 90-тите години од минатиот век учествувал во војната што се водела во Карабах, по започнувањето на татковинската војна во неговата земја, заедно со своите стари соборци формирал група и ѝ притрчал на помош на Армијата, земајќи активна улога во ослободувањето на селата од подрачјето на Лачин, што морале да ги напуштат пред 27 години.
На пат кон фронтот, Гехреманов со себе го зел и синот Решат и борејќи се рамо до рамо, станаа првите Азербејџанци кои по 27 години стапнаа во селото Сефијан во областа Лачин, домот на нивните предци.

Гехреманови, кои тргнаа кон својата татковина разбивајќи ги ерменските сили што се наоѓале пред нив на фронтот, успеаја да останат во живот, преживувајќи голем број напади за време на нивното борбено патешествие од Фузули до Лачин.
Гехреманови, кои за време на борбата понекогаш биле под силен минофрлачки напад на ерменската Војска, а понекогаш наидувале на нагазни мини со оклопното возило во кое се наоѓале, дејствувајќи заедно со групите што биле водечка сила, биле водачи на Војската што доаѓала во позадина.
Таткото Гехреманов, кој беше полесно повреден во минофрлачкиот напад, во последните денови од 44-дневната војна, заедно со неговиот син влегоа и во селото Сефијан. Гехреманов, пронаоѓајќи го својот дом, преноќи во него и по 27 години го посети гробот на својот татко.
Неколку моменти од военото патешествие на Гехреманови се снимени со мобилен телефон од војник во нивната група.

- „Ние бевме првите Азербејџанци што по долга низа години стапнаа на територијата на Лачин“
Таткото и синот Гехреманови за АА дадоа изјава за тоа што го преживеале за време на војната.
Чингиз Гехреманов изјави дека поради фактот што добро го познава регионот и имал воено искуство, веднаш го прифатил предлогот што го добил од Командата на Вооружените сили на Азербејџан и за еден ден формирал група од 25 поранешни соборци со кои заминале на фронтот.
Гехреманов рече дека во својата група го вклучил и неговиот син Решат, истакнувајќи дека се движеле директно кон Лачин, водејќи борби во Фузули, Чебраил и Губадли.
Изјавувајќи дека не биле заплашени од нападите што ги претрпеле, Гехременов рече дека тие постојано оделе напред и додаде: „Конечно, беше судбина да влеземе и во селото Сефијан, во кое го поминавме детството. Ја најдовме нашата куќа и таму, татко и син, минавме една ноќ. Пред 27 години, по окупацијата на Лачин, отидов на гробот на мојот татко и ветив дека еден ден сигурно ќе се вратам. Го одржав ветувањето и се вратив. Утрото заедно го посетивме гробот на татко ми и се помоливме.“
Гехреманов, изјавувајќи дека подоцна учествувале во ослободувањето од окупација и на другите села, додаде: „Ние бевме првите Азербејџанци што стапнаа на територијата на Лачин по долга низа години. Кога влеговме за првпат, го запрев возилото, излегов и ја бакнав нашата земја. Ја постигнавме целта што ја чекавме 27 години. Мојата надеж никогаш не замре. Но, личното учество во сето ова е сосема друго чувство. Многу среќни луѓе сме и јас и мојот син. Кога заврши војната, нè повикаа, ни рекоа дека нашата мисија е завршена и ни рекоа дека можеме да се вратиме.“
Гехреманов рече дека за време на војната со неговиот син не биле како татко и син, туку како воени другари, но сепак, кога било пукано врз нив, со своето тело го прекривал син му во обид да го заштити.
Решат Гехреманов рече дека е почестен што се борел рамо до рамо со својот татко и што заедно со азербејџанската Армија ја спасиле татковината на нивните предци од окупација.
Решат Гехреманов, изјавувајќи дека претходно отишол во воената канцеларија и доброволно се пријавил, рече: „Понекогаш се соочувавме со тешки ситуации. Понекогаш имаше такви ситуации да во период од 2 часа бевме бомбардирани со минофрлачки гранати. Во тие ситуации добивав сила од фактот што татко ми е покрај мене. Израснав со желбата повторно да одам во тие територии. Не е можно со зборови да ги опишам моите чувства кога по долга низа години повторно го посетив гробот на мојот дедо. Фала му на Бога, судбината беше ние да бидеме тие.“