Sinan Uslu
23 Февруари 2018•Ажурирај: 24 Февруари 2018
АНКАРА (AA) - Генералштабот на Турските вооружени сили (ТВС) соопшти дека во Африн е погоден конвој од 30-40 возила на терористичките организации ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека во рамките на конвојот се наоѓале терористи, оружје и муниција.
Пред да биде погоден, утврдено е дека конвојот му се приближува на Африн од правец на југоистокот.
Конвојот е погоден кога се наоѓал на оддалеченост од 15 километри од Африн.
„Мета беше конвој на терористичките организации ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ, како што тоа беше случај и порано, преземени се сите мерки на претпазливост за да цивилите не би страдале", се наведува во соопштението.
Африн: Турските сили го погодија конвојот на терористички организации
Генералштабот на Турските вооружени сили соопшти дека во Африн е погоден конвој од 30-40 возила на терористичките организации ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ
23.02.2018
Од друга страна, на мрежата „Јутјуб" (Youtube) објавени се видео снимки на кои е забележан моментот кога турските вооружени сили го погодија конвојот на терористичките организации.
На снимката може да се види и чад кој се шири над уништените возила на конвојот.