Mohammed Majed,Ali Semerci
23 Ноември 2023•Ажурирај: 24 Ноември 2023
ГАЗА (АА) - Телата на 111 Палестинци убиени од израелската Армија беа погребани во масовна гробница во градот Кан Јунис на југот од Појасот Газа, јавува Анадолу.
Израелската Армија ѝ ги предаде на палестинската страна телата на 111 Палестинци кои ги уби во северните региони на Појасот Газа и градот Газа.
Телата на 111 Палестинци, кои подоцна беа донесени во Кан Јунис во јужниот дел на Газа, беа погребани вчера во масовна гробница во градот.
Халил Сијам, кој беше во групата што ги зеде телата на Палестинците од израелската Армија и ги донесе во Кан Јунис, во изјава за Анадолу рече дека тие ги однеле телата на точка во близина на Појасот Газа, кој го дели северниот дел на Појасот Газа од југ, каде што се стационирани израелските сили.
Сијам истакна дека израелската Армија ги информирала дека станува збор за војници од регионот Шифа во Газа и од регионот Беит Ханун во северниот дел на Појасот Газа.
Инаку, повеќе од 14.000 Палестинци, главно жени и деца, се убиени во израелските напади во Појасот Газа од 7 октомври, кога палестинската група на отпорот Хамас изврши ненадеен напад.
Во меѓувреме, бројот на загинати Палестинци, според официјалните податоци, е 1.200.
Израел и Хамас се согласија на договор што ќе обезбеди хуманитарна пауза на конфликтот, што ќе стапи на сила на 23 ноември. За време на четиридневната пауза, 150 Палестинци од израелските затвори ќе бидат ослободени во замена за 50 израелски затвореници кои ги држи Хамас.