Sefa Mutlu
14 Мај 2020•Ажурирај: 15 Мај 2020
ИСТАНБУЛ
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Ердоган и Столтенберг разговараа за чекорите кои ќе се направат во борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19), и во периодот по пандемијата.
Соопштено е дека Ердоган и Стаолтенберг се осврнаа и на регионалните прашања, пред се за Сирија и Либија.