Hakan Çopur
28 Јануари 2020•Ажурирај: 28 Јануари 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, остварија телефонски разговор во кој се осврнаа на либиското прашање и Идлиб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тоа преку писмено соопштение го потврди Џуд Дир, заменик-портпарол на Белата куќа.
„Двајцата лидери разговараа за потребата за елиминирање на надворешната интервенција во Либија и за продолжување на примирјето. Лидерите исто така се согласија дека треба да се стави крај на насилството што продолжува во Идлиб“, се наведува во ова соопштение.
Според соопштението, Трамп укажал на важноста за решавање на несогласувањата меѓу Турција и Грција, што се однесува до Медитеранот.