Emre Gürkan Abay
21 Ноември 2017•Ажурирај: 21 Ноември 2017
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговараа за голем број теми, вклучувајќи ги Сирија, Иран, Северна Кореја, Авганистан и Украина, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Кремљ се наведува дека двајцата лидери разговарале и за утрешниот состанок на официјалните лица на Русија, Турција и Иран во Сочи, каде ќе разговараат за сириската криза.
Тие се согласија дека е важно да се сочува територијалниот интегритет на Сирија како и независноста и суверенитетот на таа земја.
Меѓу останатото, нагласија дека во светот е сè поприсутна опасноста од тероризмот и трговијата со дрога.