Adam Moro
04 Јуни 2019•Ажурирај: 06 Јуни 2019
БАГДАД
Најмалку четворица војници се убиени, а повеќемина се ранети во вооружен напад кој денес се случи во ирачкиот град Ал Тармиа, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот го изведоа припадници на терористичката организација ДЕАШ во град населен со сунити, сместен северно од Багдад.
Ахнед Калад, претставник на полицијата, за АА изјави дека доцна синоќа, повеќе војници се ранети во бомбашки напад врз воената патрола во Ал Тармиа.
„Вооружени напаѓачи од огнено оружје отворија оган на војниците кои рано утринава се обидоа да ги евакуираат ранетите од местото на кое синоќа беше изведен бомбашки напад. Убиени се четворица, а ранети неколку војници“, соопшти Калаф.
Тој информираше и дека во пресметката се убиени најмалку четворица терористи на ДЕАШ.
Терористичката организација ДЕАШ во летото 2014 година го окупираше ирачкиот град Мосул и низа соседни региони, а со здружена операција на ирачките сили, регионот е ослободен во јули минатата година.
Постојана безбедносна закана во Ирак претставуваат таканаречените заспани ќелии на ДЕАШ, но и терористите на ПКК кои дејствуваат на крајниот север од земјата.