ekipa
05 Јули 2021•Ажурирај: 06 Јули 2021
БАГДАД
Терористите на ДЕАШ убија пет цивили во напад во северната ирачка област Дијала, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите отвориле оган кон цивилите за време на заседа во близина на селото Ал-Кал’ах во северниот дел на покраината, убивајќи пет лица и ранувајќи други две лица“, тврди безбедносен извор кој побарал анонимност.
„Терористите се обиделе да земат и двајца заложници, но биле спасени од селаните кои ги избркале напаѓачите“, додаде изворот.
Терористите на ДЕАШ ги засилија нападите во регионот во последните месеци, особено во близина на покраините Киркук, Салахудин и Дијала.
Во 2017 година, Ирак прогласи победа над ДЕАШ со враќање на сите територии окупирани од терористите од летото 2014 година, што се проценува на околу една третина од вкупната површина на земјата.
Терористичката група, сепак, има заспани ќелии во Ирак и продолжува да започнува спорадични напади врз цивилите, безбедносните сили, инфраструктурата и други цели.