Ekipa
29 Јануари 2018•Ажурирај: 30 Јануари 2018
АЗАЗ (АА) - По ослободувањето на стратешки важното брдо Бурсеја, во близина на центарот на Африн, турските сили и Слободната сириска војска во засолништата на терористите на ПЈД/ПКК пронајдоа поголема количина на дрога и опојни средства, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските сили вчера го ослободија брдото Бурсеја кое повеќе од четири години беше под окупација на терористите на ПЈД/ПКК. Акцијата за ослободување е дел од операцијата „Маслинова гранка“, која турските сили ја покренаа на 20 јануари со цел ослободување на сириското погранично подрачје на Африн.
За време на расчистувањето на засолништата и бункерите кои на брдото Бурсеја останаа по терористите, турските сили и борци на сириската опозиција пронајдоа поголеми количини на дрога и опијати во вид на таблети.
Воглавно се работи за таблетите Каптагон (Captagon) познати како „лек за храброст“, а борците на Слободната сириска војска и претходно тој вид на дрога го пронаоѓале во базите на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Каптагон таблетите првпат на сириските боишта се пронајдени во засолништата на терористите на ДЕАШ откако турските сили во офанзивата „Штитот на Еуфрат“ ослободија пошироко подрачје околу Ал Баб и Џарабулус, во северниот дел на Сирија.
Заробените припадници на терористичката организација ПЈД/ПКК изјавија дека таблетите им се давани за да ги држат будни на позициите.
Од претходно е познато дека производството и крумчарењето дрога е еден од главните извори на финансирање на терористичката организација ПКК и сите нејзини ограноци, вклучувајќи го и сирискиот огранок ПЈД.
Иако режимот на Асад често ги обвинува опозициските сили дека користат слични средства, таквите таблети се пронајдени во базите на режимските сили.