Fahri Aksüt
02 Септември 2020•Ажурирај: 06 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Терористите на ЈПГ/ПКК киднапираа 13-годишно девојче за да го регрутираат во Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во окупираните подрачја од ЈПГ/ПКК во Сирија, терористите продолжуваат да киднапираат деца судирајќи се со семејствата на децата, изјавија локални извори кои побараа да не бидат именувани поради безбедносни причини.
Терористичката група киднапираше 13-годишно девојче од нејзиното семејство кое живее во село во покраината Камишли, североисточна Сирија, и го нападна семејството барајќи ја нивната ќерка.
Дојде до судир меѓу терористите и семејствата, а еден терорист беше застрелан.
По судирот, терористичката организација испрати уште терористи во регионот, а семејството сè уште нема информации за својата ќерка.
Според извештајот на Стејт департментот на САД за трговија со луѓе во 2020 година, терористичката група регрутира и присилно киднапира деца за регрутирање.
„Курдските единици за заштита на народот (ЈПГ и ЈПЈ) во северозападна Сирија продолжија да регрутираат, тренираат и користат момчиња и девојчиња на возраст од дури 12 години; од 2017 година, меѓународните набљудувачи известуваат дека ЈПГ и ЈПЈ регрутираат и насила деца од логорите за раселување во североисточна Сирија“, се вели во извештајот.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.