Bekir Aydoğan
02 Септември 2020•Ажурирај: 04 Септември 2020
АНКАРА
Во американскиот град Лос Анџелес полицајците убија уште еден црномурест маж, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Брендон Дин од Кабинетот на шерифи на Лос Анџелес изјави дека целиот инцидент започнал кога двајцата заменици шерифи сакале да го запрат црномурестиот маж поради сообраќаен прекршок.
Дин изјави дека црномурестиот маж го оставил велосипедот и почнал да трча, а потоа го удрил полицаецот кој се обидел да воспостави комуникација со него.
Како тој изјави, полицајците отвориле оган кога виделе пиштол меѓу предметите кои црномурестиот маж ги испуштил за време на тепачка.
Убиен е 29 годишниот Дижон Кизи. По убиството, кое се случи во понеделникот попладне, започнаа демонстрациите.
Демонстрантите наведоа дека пукањето од страна на полицијата не може да биде оправдано и извикуваа: „Нема правда, нема мир“.
Арлендер Гивенс, кој живее на тоа подрачје, запраша зошто полицајците пукале на некој кој не бил вооружен.