Ekipa
29 Септември 2021•Ажурирај: 01 Октомври 2021
ЕРБИЛ (АА) - Терористичката организација ПКК во северноирачкиот регион Синџар киднапира 52 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Командантот на Пешмерга, Шемо Идо, изјави дека ПКК киднапирала 52 лица во Синџар и дека судбината на тие луѓе не е позната, објави „Курдистан 24“ со седиште во Ербил.
Идо додаде дека судбината на киднапираните не е позната.
- Договорот од Синџар -
Иако беше потпишан договор помеѓу ирачката Влада и Курдската регионална влада (КРГ) на 9 октомври 2020 година, со кој беше предвидено да се стави крај на присуството на ПКК во Синџар, терористичката организација ги засили своите активности.
Договорот за Синџар, потпишан под покровителство на ОН за статусот на регионот, предвидува расчистување на регионот од терористите на ПКК.
Терористичката организација ПКК успеа да воспостави упориште во Синџар во 2014 година под изговор за заштита на заедницата Језиди од терористите на ДЕАШ.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.