Ömer Koparan
19 Јули 2020•Ажурирај: 20 Јули 2020
АЗЕЗ
Во терористичкиот напад извршен со возило бомба во подрачјето на Азез во северниот дел на Сирија кое е под контрола на опозицијата, смртно настрадаа 5 цивили, а повредени се 85 цивили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Возило бомба експлодира во селото Сиџу во Азез.
Во овој терористички напад загинаа 5 цивили, а 85 цивили се повредени.
Како резултат на експлозијата, настана штета во околината, а повредените се пресенени во болниците во Азез и во Турција.
Безбедносните извори велат дека бомбашките напади во зоните кои се исчистени од терористи се вршат од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК, но поради тоа што во нападот е нанесена штета на цивилите, оваа терористичка организација избегнува да ја преземе одговорноста за нападот.