Büşra Selvi Öğütcen,Muhammed Emin Canik
20 Јули 2020•Ажурирај: 20 Јули 2020
БУЕНОС АИРЕС/АНКАРА (АА) - Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа во Бразил починаа 716 лица, во Индија 681 лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 716 лицa, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 79.488 лицa.
Во Бразил дијагностицирани се уште 23.529 случаи на вирусот, со што вкупниот број на случаи порасна на 2.098.389.
Бројот на излекувани лица од овој вирус во земјата достигна 1.371.229.
Бразил, каде што живеат 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
На Ковид-19 позитивен е и претседателот Жаир Болсонаро.
- Во Индија бројот на починати од Ковид-19 се зголеми на 27.497 -
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека од Ковид-19 во земјата починале уште 681 лице, со што вкупниот број на починати од овој вирус се искачи на 27.497.
Исто така, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 40.425 случаи со коронавирусот.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 1.118.042.
Досега во земјата од Ковид-19 се излекувани 217.423 лица.