Addis Getachew Tadesse
22 Мај 2020•Ажурирај: 23 Мај 2020
АДИС АБЕБА
Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) по повод месец рамазан подели пакети со храна на луѓето кои имаат потреба во Етиопија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претставниците на ТИКА вчера и задвчера поделија околу 17 тони храна во Етиопија, додека во текот на целиот месец рамазан на жителите на оваа земја им се поделени 50 тони основни продукти за живот.
Во претходните два дена помош добија неколку илјади лица во главниот град Адис Абеба и во градовите Сулута и Легетафо.
Јапрак Алп, амбасадорка на Турција во Етиопија, изјави дека Турција и понатаму ќе го помага народот на Етиопија.
„Граѓаните на Турција и Етиопија се вистински пријатели. Пријателите во тешки времиња уште повеќе се поддржуваат", рече Алп, додавајќи дека турските хуманитарни организации пружија помош на жителите на Етиопија по повод рамазан, но и во текот на пандемијата на коронавирус.
Мехмет Али Јетиш, претставник на ТИКА во Етиопија истакна дека оваа организација со бројни проекти им помага на граѓаните на Етиопија.
Неами Јусуф, мајка на шестмина деца, рече дека оваа помош во храна ќе им биде од голема помош.
Абрахам Гедиса, заменик начелник на Сулута, изјави дека турската агенција со овој гест ја исполни својата верска и морална должност.
Абдулхамид Абдулсамед, 15-годишно дете кое живее во Центарот за грижа за деца без родители, рече дека ТИКА секоја година им дели пакети со храна, облека и школски прибор.
„Тие секогаш нѐ радуваат", рече Абдулсамед.