Dildar Baykan
25 Август 2020•Ажурирај: 26 Август 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп, истакна дека се благодарни на Турција поради ослободувањето на американскиот свештеник Ендру Крег Брансон, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Трамп, во Белата куќа, одржа разговор со шест граѓани претходно затворени или држени како заложници во различни земји.
Трамп во разговорот со граѓаните нагласи дека ги вратиле своите граѓани кои биле уапсени или држени како заложници во околу 50 земји.
Меѓу гостите на Трамп беше и американскиот свештеник Ендру Крег Брансон, кој беше обвинет за шпионажа и активности во име на терористички организации. На Брансон му беше изречена казна затвор од 3 години, 1 месец и 15 дена за „помагање на организација“.
„Морам ова да го кажам дека претседателот Ердоган беше многу добар“, рече Трамп, додавајќи дека Брансон не е „виновен“.
„После неколку разговори со Ердоган, се договоривме. Затоа сме му благодарни, благодарни сме и на турскиот народ. Како што гледам и ти си благодарен“, рече Трамп.
По зборовите на Трамп, Брансон истакна: „Го сакаме турскиот народ.“
Брансон му се заблагодари и на американскиот претседател Трамп за тоа што го направи за неговото ослободување.