Çiğdem Münibe Alyanak
03 Мај 2020•Ажурирај: 03 Мај 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека забрзано продолжува изградбата на двете болници во Јешилкој и Санџактепе со капацитет од вкупно 2.000 легла, со што и Истанбул добива две значајни болници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Ердоган на својот профил на Твитер, осврнувајќи се на проектите за болниците во Јешилкој и Санџактепе, нагласи:
„Забрзано продолжува изградбата на двете болници во Јешилкој и Санџактепе со капацитет од вкупно 2.000 легла. Проектите ќе завршат за најкратко време и Истанбул ќе добие две значајни болници, во вистинска смисла на зборот.“
Двете болници, по изградбата ќе ја имаат целата потребна медицинска инфраструктура со операциони сали, магнетна резонанца, тријажни простории, лаборатории и други придружни содржини.