Zehra Nur Çelik,Seda Sevencan
14 Мај 2025•Ажурирај: 14 Мај 2025
ИСТАНБУЛ / АНКАРА (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес побара од сирискиот претседател Ахмад ал-Шара да ја преземе одговорноста врз центрите за притвор на терористите на ДЕАШ во Североисточна Сирија, кои се под контрола на терористичката организација ПКК/ЈПГ, објави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, на социјалната мрежа Х, пренесува Анадолу.
Повикот се случи за време на средбата на Трамп со Ал-Шара, на покана на саудискиот престолонаследник Мухамед бин Селман, како дел од самитот на земјите од Персискиот Залив и САД во саудиската престолнина Ријад.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, исто така, се приклучи на состанокот онлајн.