Fatma Zehra Solmaz
03 Август 2026•Ажурирано: 03 Август 2026
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека преговорите со Иран ќе започнат денес попладне, при што изрази оптимизам дека наскоро би можело да се постигне договор во врска со Ормускиот Теснец и денуклеаризацијата на Иран, јавува Анадолу.
Во разговор со новинарите во авионот „Ер Форс Уан“ за време на лет кон заедничката воена база „Ендрјус“ во Мериленд, Трамп рече дека разговорите со Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар и Иран го натерале да го откаже големиот напад кој беше планиран за петок.
„Тие не сакаа да го направиме тоа, а искрено кажано, тоа не го сакаше ниту Саудиска Арабија. Тие сметаа дека договорот за Ормускиот Теснец и за конечната денуклеаризација е многу блиску“, рече Трамп.