Tarek Chouiref
03 Август 2026•Ажурирано: 03 Август 2026
Земјотрес со јачина од 5,3 степени утринава ја погоди египетската североисточна провинција Исмаилија, соопшти турската Дирекција за управување со вонредни состојби (АФАД), јавува Анадолу.
Од АФАД соопштија дека земјотресот се случил во 3 часот по локално време (00:00 часот по Гринич) на длабочина од 5,47 километри.
Египетските локални медиуми објавија дека земјотресот се почувствувал во неколку градови, вклучувајќи го и главниот град Каиро, без веднаш да известат за тоа дали има жртви и причинета материјална штета.
Египетската Црвена полумесечина соопшти дека досега нема пријави за повредени лица или материјални штети, а воедно апелираше до граѓаните да ги избегнуваат старите или видливо оштетените згради.
Египетското Министерство за здравство го активираше својот план за вонредни состојби и ги стави болниците во состојба на зголемена готовност.