Michael Hernandez
03 Мај 2017•Ажурирај: 03 Мај 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега, Владимир Путин, имаа телефонски разговор во кој главни теми на разговор била ситуацијата во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на разговорот, лидерите се согласилe „дека страдањата во Сирија траат премногу долго и дека сите страни мора да направат сѐ што можат за да се стави крај на насилството“, соопшти претставник од Белата куќа.
Се истакннува дека во долгиот телефонски разговор се дискутирало и за безбедносните, или зоните на деескалација, кои ќе помогнат во зајакнување на изгледите за мир.
САД ќе испратат претставник во мировните преговори со посредство на Русија и Турција во казахстанскиот главен град Астана, денес и утре.
Неодамнешната одлука на администрацијата на Трамп да започне баражен оган со крстосувачките ракети "Tomahawk" на сирискиот аеродром, којшто се смета дека бил искористен за да се изврши смртоносниот хемиски напад, го привлече гневот на Русија, што го одбележа најлошиот период во односите меѓу САД и Русија откако Трамп дојде на власт.
„Путин и Трамп разговараа за заедничката активност со цел да се искорени тероризмот на Блискиот Исток“, како и за „многу опасната ситуација во Северна Кореја“, соопшти Белата куќа.
Телефонскиот разговор се случи во период кога конгресните комисии и ФБИ спроведуваат одделни истраги за потенцијалните врски меѓу кампањата на Трамп и Русија за време на трката за Овалната соба во 2016 година.