Kasım İleri
05 Февруари 2017•Ажурирај: 06 Февруари 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп разговараше телефонски со италијанскиот премиер Паоло Џентолини и со украинскиот претседател Петро Порошенко, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата за односи со јавноста на Белата куќа соопшти дека Трамп и Џентилони разговарале за внатрешната криза во Либија, мигрантската криза во Европа како и за организацијата на Самитот Г-7, кој во мај оваа година ќе се одржи во италијанскиот град Таормина.
„Трамп ја повтори приврзаноста на САД кон НАТО сојузот и притоа укажа на важноста од распределба на финансискиот товар за колективната одбрана која ја застапува тој сојуз“, се вели во соопштението.
Трамп и Џентилони се согласни и за продолжување на соработката во борбата против тероризмот како најсериозна закана за светскиот мир и стабилност.
Во соопштението на Белата куќа се наведува дека претседателот на САД, Трамп, телефонски разговарал и со украинскиот претседател Порошенко, а главна тема на разговорот била судирите во источниот дел на Украина и спорната улога на соседна Русија во таа криза.
„Тоа беше конструктивен разговор, а Трамп притоа порача дека САД ќе работат на тоа Русија, Украина и сите други страни во конфликтот да воспостават мир по должината на украинско-руската граница“, се вели во соопштението.