Seyit Şamil Kurt
19 Ноември 2026•Ажурирано: 19 Ноември 2026
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека САД и Кина се шпионираат меѓусебно, тврдејќи дека Вашингтон е поефикасен од Пекинг во собирањето разузнавачки информации, пренесува Анадолу.
„Ние ја шпионираме Кина, а тие нè шпионираат нас“, рече Трамп во интервју во живо за „Фокс њуз“ од кинескиот град Шенжен, каде што учествува на Самитот на Форумот за азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК).
„Мислам дека ние го правиме тоа подобро од нив“, додаде тој.
На прашањето дали ќе побара од Кина да престане да ги шпионира САД, Трамп навести дека таквото барање веројатно нема да има успех, со оглед на разузнавачките активности на Вашингтон.
„Тие ќе побараат од мене да престанам со тоа, а не знам дали би го направил тоа“, рече тој.
Трамп ја истакна и важноста од одржување на односите со Пекинг, посочувајќи ги билатералните економски врски.
„Имаме голема трговска размена со Кина“, рече тој, оценувајќи ги своите односи со странските лидери како позитивен фактор.
Неговите изјави следуваа во пресрет на планираната трилатерална средба без преседан со кинескиот претседател Си Ѓинпинг и рускиот претседател Владимир Путин, на маргините на Самитот на АПЕК во Шенжен.