Umar Farooq
25 Мај 2019•Ажурирај: 27 Мај 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на Блискиот Исток, како мерка на претпазливост поради зголемените напади околу Иран, ќе испрати 1.500 војници, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сакаме да имаме некоја заштита на Блискиот Исток. Имаме намера да испратиме релативно мал број војници, главно со цел заштита“, изјави Трамп пред своето патување во Јапонија.
Вршителот на должност шеф на Пентагон, Патрик Шанахан, пред оваа одлука ги негираше извештаите дека администрацијата на Трамп планирала во регионот да испрати околу 10.000 војници.
Тој истакна дека Пентагон, сепак, бара одредени начини да ја зголеми заштитата на своите сили во регионот.
Потсетуваме, американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека одобрил испраќање на додатни 1.500 војници на Блискиот Исток.
Трамп истакна дека додатните американски сили главно ќе имаат задача да ги штитат американските официјални претставници на Блискиот Исток.
Во текот на изминатите неколку недели се зголемија тензиите меѓу Вашингтон и Техеран, а САД испратија единици на Блискиот Исток, укажувајќи на непосредната закана од Иран.