Amina Zorniç
25 Октомври 2016•Ажурирај: 26 Октомври 2016
ПОРТ-О-ПРЕНС (АА) - Три недели по катастрофалниот ураган Метју што го зафати Хаити, експертите стравуваат дека локалното население се соочува со хуманитарна катастрофа, односно недостаток на храна, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во заедничкиот извештај на Владата на Хаити, Националното координативно тело за безбедност на храната на Хаити и Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) се наведува дека во моментов, на 1,4 милиони луѓе им е потребна храна.
Претставникот на ОН за Хаити, Алексис Масчиарели вели дека во некои делови на Хаити има стопроцентна загуба на земјоделските култури од кои живеело локалното население. Според него, ураганот ги уништил речиси сите дрвја на кокос, банана и манго.
Како што истакна, досега во некои делови на Хаитите се дистрибуирани три тони храна, што не е доволно.
Ураганот Метју на 4 октомври го погоди Хаити и однесе над 800 животи. Освен човечки жртви, предизвикана е огромна материјална штета. Поради поплавите, уништена е водоводната мрежа, што доведе до појава на колера.
Светската здравствена организација (СЗО) на Хаитите испрати еден милион вакцини против колера. Според нивните податоци, од 9 до 15 октомври беа пријавени 773 случаи на инфекција.