Mahmoud Barakat
25 Октомври 2016•Ажурирај: 26 Октомври 2016
БАГДАД (АА) - Ирачката армијата денес соопшти дека воспоставила целосна контрола врз градот Рутба во западен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Вчера група милитанти на ДЕАШ изведоа напад врз Рутба, 310 километри западно од Рамади.
Преку соопштение, армијата нагласи дека градот сега се наоѓа под целосна контрола на ирачките сили.
Новиот развој на настаните дојде како резултат на продолжувањето на големата офанзива на ирачката армија за освојување на градот Мосул од ДЕАШ, која влезе во втората недела.
Ирачкиот премиер претходно предупреди дека ДЕАШ може да изврши напади врз други ирачки територии, како одговор на офанзивата за Мосул.
Терористичката група ДЕАШ во средината на 2014 година го зазеде Мосул, втор по големина град во Ирак, пред да преземе големи делови од територијата во северниот и во западниот дел на земјата.
Ирачката армија, поддржана на теренот од страна на локалните сојузници, и од воздух од страна на коалицијата предводена од САД, оттогаш презеде поголем дел од територијата. Сепак, оваа терористичка група држи под контрола неколку дела на земјата, вклучувајќи го и Мосул.