Şahin Demir
11 Август 2026•Ажурирано: 11 Август 2026
Тројца членови на екипажот загинаа откако јеменската група Хуси нападна трговски брод во теснецот Баб ел-Мандеб, објави денес телевизија поврзана со јеменската Влада, пренесува Анадолу.
Телевизијата „Ал Џумхурија“ објави дека, според првичните информации, во нападот загинале двајца пакистански и еден индонезиски државјанин.
Телевизијата не го идентификуваше бродот ниту неговиот сопственик.
Хусите засега не дадоа коментар за нападот.
Баб ел-Мандеб е поморска порта кон Црвеното Море, на спротивната страна од Арапскиот Полуостров во однос на Ормускиот Теснец.