Sefa Şahin
07 Септември 2022•Ажурирај: 07 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Туркије соопшти дека се приведени пет припадници на терористичката организација ДЕАШ, т.н. челници на судството, разузнавањето, образованието и социјалните мрежи, кои подготвувале напад, јавува Агенција Анадолија (АА).
Рамо Мухамед ал Хамед, под кодното име „Рами Ремо“, т.н. правосуден службеник на ДЕАШ, кого терористичката организација ПКК/КЏК/ПЈД/ЈПГ го пушти од сирискиот затвор „Хасека ел Кеф“ под услов да замине во Џарабулус, е приведен на 31 август, во акција на Командата на жандармеријата во Газиантеп и Оперативните сили на жандармеријата на Сирија. Ал Хамед го подготвувал нападот.
Освен Хамед, приведени се и Ибрахим ал Салих, со кодно име „Абу Ресул“, т.н. разузнавач на ДЕАШ, Хусам Давуд, со кодно име „Абу Ејуп“, т.н. менаџер на социјалните мрежи, Ахмед ел Хело, со кодно име „Абу Абдурахман ел Шами“, т.н. службеник за образование и Кеми Ајдан, со кодно име „Абу Рашид“. Споменатите терористи се подготвувале да извршат напад во Туркије, при што биле уапсени при обид да ја преминат границата во регионот на сирискиот град Џарабулус.
Наведено е дека се приведени шестмина терористички доушници кои се идентификувани како нивни помагачи. Запленета е пушка АК-47 позната како калашников.