Cem Genco
12 Март 2019•Ажурирај: 13 Март 2019
ХАТАЈ (АА) - Турската хуманитарна организација (ИХХ) подели хуманитарна помош за 2.000 семејства во сирискиот град Африн, регион кој е расчистен од терористите во рамките на операцијата на турската војска „Маслинова гранка“, јавува Anadolu Agency (AA).
Координаторот на ИХХ за Сирија, Зеки Тахироглу, потврди дека во рамките на акцијата на делење на хуманитарната помош, 2.000 семејства низ Африн добиле пакети со храна, облека за децата, јаглен, теписи, кревети, ќебиња и други намирници и опрема.
Тахироглу додаде дека ИХХ ќе продолжи со пружање поддршка на повратниците во Африн, кои се вратија во своите домови откако овој регион е исчистен од терористите.