Esat Fırat
07 Мај 2019•Ажурирај: 08 Мај 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) – Турската Црвена полумесечина, во „Месџид-и Акса“, која се наоѓа во стариот дел на окупираниот Источен Ерусалим (Кудс) организираше ифтарска програма, јавува Anadolu Agency (AA).
На ифтарските софри на турската Црвена полумесечина организирани во дворот на „Харем-и Шериф“, присуствуваа стотици Палестинци.
Претседателот на палестинската делегација на турската Црвена полумесечина, Јигит Олџај, во изјавата за АА рече: „Нашата организација, во рамките на активностите за 2019 година, во Ерусалим, за време на Рамазан секој ден ќе организира ифтар, а во Газа, во одредени денови.“
Олџај наведе дека на ифтарските софри во „Месџид-и Акса“ и во Појасот Газа ќе присуствуваат 500 луѓе, исто така за време на Рамазан во Ерусалим - 2.000, а во Газа ќе бидат дистрибуирани 3.000 пакети со храна.
„Го повикуваме нашиот народ и за време на овој Рамазан да донира во Црвената полумесечина и на тој начин да овозможи на ифтарските софри да учествуваат повеќе лица кои имаат потреба. Бериќетот на Рамазан да го живееме заедно“, истакна Олџај.