Meryem Göktaş
15 Ноември 2017•Ажурирај: 15 Ноември 2017
ДОХА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, пристигна во официјална посета на Катар, на разговори околу развојот на регионалните и меѓународните настани, како и за билатералните односи меѓу Анкара и Доха, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган, на аеродромот во Доха беше пречекан од министерот за одбрана на Катар, Xалид бин Мохамед Ал Атијах, турскиот амбасадор во Катар, Фикрет Озер и претставници на амбасадата во Доха.
Ердоган беше придружуван од голема делегација, меѓу која се неговата сопруга Емине Ердоган, началникот на турскиот Генералштаб, генерал Хулуси Акар, министерот за правда, Абдуламит Ѓул, министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за економија, Нихат Зејбекџи и министерот за енергетика Берат Албајрак.
Претседателот ќе присуствува на состанокот на Турско-катарската стратешка комисија во Доха.
Во текот на посетата тема на средбите ќе биде развојот на регионалните и меѓународните случувања, како и билатералните односи меѓу Турција и земјите од Заливот.