Ekipa
15 Ноември 2017•Ажурирај: 15 Ноември 2017
БЕРЛИН (АА) - Германската полиција соопшти дека во пожарот што избувна во центар за азиланти на југот од земјата загинало едно лице, пренесува Anadolu Agency (AA).
Утринава околу 3 часот, полицијата и пожарникарите беа известени дека избил пожар во зградата во којашто биле сместени 163 лица. Од страна на полицијата се наведува дека пожарникарите брзо го ставиле пожарот под контрола.
Се додава дека во станот во кој избил пожарот било пронајдено безживотно тело, а 14 лица поради вдишување чад биле хоспитализирани, но никој не е во животозагрозувачка здравствена состојба.
Идентитетот на настраданото лице сѐ уште не е познат, а истрагата ќе покаже која била причината за пожарот.