Sena Güler
07 Февруари 2018•Ажурирај: 08 Февруари 2018
АНКАРА/АФРИН (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната сириска војска ослободија уште едно село во подрачјето на Африн, северозападна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинар на АА од теренот јави дека селото Шеик Хуруз како и брдото Хавуз во северен Африн се расчистени од терористите на ПЈД/ПКК во рамките на операцијата „Маслинова гранка“.
Турските сили и Слободната сириска војска од започнувањето на операцијата „Маслинова гранка“ ослободија вкупно 40 зони, вклучувајќи 24 села и 12 стратешки планини или брда.
Операцијата во Африн е започната во рамките на правото на Турција коешто е засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно на Правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, во јули 2012 година, без борба им ја препуштија контролата врз Африн на терористите на ПЈД/ПКК. Оттогаш, Африн стана еден од главните центри на таа терористичка организација.
Терористите на ПЈД/ПКК моментално под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат меѓу 8 000 и 10 000 терористи.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ. ПКК уште од средината на 1980-тите години спроведува терористичка кампања против Турција.