Kemal Karadağ
05 Октомври 2016•Ажурирај: 05 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Во рамките на офанзивата „Штитот на Еуфрат”, во судир меѓу припадниците на турските вооружени сили и припадниците на терористичката организација ДАЕШ во северниот дел на Сирија, загина еден а ранети се тројца војници, јавува Anadolu Agency (AA).
До судирите дошло откако припадниците на терористичката организација се обиделе да се пробијат во местото Зијара, кое се наоѓа под контрола на Слободната сириска армија (ФСА).
Во тие судири неутрализирани се 18 припадници на ДАЕШ.
Во рамките на истата офанзива отворен е оган врз 75 упоришта на терористите, при што уништено е одредени количини оружје, едно привремено засолниште и две возила.