Cankut Taşdan
28 Декември 2020•Ажурирај: 29 Декември 2020
АНКАРА
Турските безбедносни сили неутрализираа 20 терористи на ПКК/ЈПГ во подрачјето на операцијата „Извор на мирот“, во северниот дел на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на турското Министерство за одбрана објавено на профилот на социјалната мрежа Твитер, објавени се и снимки од операцијата.
„Нашите херојски командоси продолжуваат да ги неутрализираат терористите на ПКК/ЈПГ кои се обидуваат да се инфилтрираат во областа ‘Извор на мирот‘. Уште 20 терористи на ПКК/ЈПГ кои се обидоа да се инфилтрираат во регионот беа неутрализирани со успешна интервенција на нашите командоси“, са нагласува во соопштението на Министерството за одбрана.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.