Gamze Türkoğlu Oğuz
28 Декември 2020•Ажурирај: 29 Декември 2020
АНКАРА
Бројот на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 81 милион, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometers“, бројот на откриени случаи на Ковид-19 се искачи на 81.144.944.
Најмногу случаи се регистрирани во Соединетите Американски Држави (САД) каде 19.573.847 лица се заразени со овој вирус.
По САД следуваат Индија (10.208.725), Бразил (7.484.285), Русија (3.050.248), Франција (2.559.686), Велика Британија (2.288.345), Турција (2.147.578), Италија (2.047.696), Шпанија (1.869.610) и Германија (1.655.322).
Како резултат на Ковид-19 во светот починаа 1.771.981 лице, додека оздравеа 57.293.765 лица.