Yıldız Aktaş
31 Мај 2020•Ажурирај: 31 Мај 2020
АНКАРА
Турските сили извршија воздушна операција во северниот дел на Ирак, во чии рамки нетурализираа тројца терористи на терористичката организација ПКК, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за национална одбрана на Турција оваа информација ја потврди преку соопштение објавено на својот Твитер профил.
„Преку воздушна операција неутрализирани се тројца терористи на ПКК кои со средства за избидување и набљудување беа откриени во подрачјата на Зап и Хафтанин кои се наоѓаат во еверниот дел на Ирак“, се вели во ова соопштение.
Според соопштението, операциите ќе продолжат се до неутрализирање на последниот терорист.
Во објавата се споделени снимки во врска со воздушната операција.