Sarp Özer
03 Март 2020•Ажурирај: 04 Март 2020
АНКАРА (АА) - Во рамки на операцијата „Пролетен штит“ срушен е воен авион на сирискиот режим од типот „L-39“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
„Во последните 24 часа уништени се 1 авион, 1 беспилотно летало, 6 тенкови, 5 повеќецевни ракетни фрлачи, 2 воздушно-одбранбени системи, 3 оклопни борбени возила, 5 вооружени пикапи, 6 воени возила и 1 магацин за муниција“, се наведува во соопштението.
Од Министерството се истакнува дека неутрализирани се и 327 војници на режимот.
Турција ја започна операцијата „Пролетен штит“ откако 36 турски војници загинаа во воздушниот напад на режимот на Асад во Идлиб, во деескалациската зона во северозападна Сирија, во близина на јужната граница на Турција.
Турските војници кои ги положија животите, работеа на заштита на локалното цивилно население според Договорот со Русија во септември 2018 година, со кој се забрануваат секакви акти на агресија во Идлиб.