Sarp Özer
26 Ноември 2015•Ажурирај: 26 Ноември 2015
АНКАРА (АА) - Генералштабот на Република Турција објави тонски запис на кој се издадени предупредувања дека рускиот воен авион го нарушил воздушниот простор на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
На тонскиот запис може да се слушне како се упатени се повеќе предупредувања пред самиот момент кога рускиот авион е погоден.
Тонскиот запис за нарушување на воздушниот простор на Турција го направи Заедничката команда и Центарот за известување во Дијарбакир (BIKIM).
На тонскиот запис може да се слушне како турските службеници предупредувањата ги упатиле на англиски јазик.
"Непозната позиција во воздушниот сообраќај. Ви се обраќа Военото воздухопловство на Турција.
Му се приближувате на турскиот воздушен простор. Веднаш, сменете го Вашиот правец кон југ“ , се наведува во записот. Истото предупредување е упатено десет пати.
Во вторник наутро два авиони од типот Ф-16, на турските воздушни сили за време на патролната контрола во склад со правилникот за ангажманот во рок од пет минути десет пати го предупреди рускиот авион СУ-24 дека го нарушува турскиот воздушен простор, а потоа интервенираа.
Русија соопшти дека соборениот авион кој падна во сирискиот пограничен регион Бајирбуџак, недалеку од турскиот Хатај, припаѓаше на нејзините воздушни сили.
НАТО потоа ја потврди точноста на турските наводи дека рускиот авион го наруши турскиот воздрушен простор.
Руските авиони и на почетокот на октомври го нарушија турскиот воздушен простор.
Руските функционери тогаш упатија извинување и ветија дека тоа нема да се случи.
Турција тогаш го повтори ставот дека во склад со правилникот за ангажман на воздушните сили, воено ќе одговори на повредата на нејзиниот воздушен простор.