Ahmet Kaplan,Fikret Kavgalı,Hasan Namlı
12 Декември 2016•Ажурирај: 13 Декември 2016
ДИЈАРБАКИР (AA) – Во текот на рутинската воена вежба во источната турска провинција Дијарбакир денес после пладне се урна воен авион, а во несреќата немаше жртви, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска потврди денеска дека се случи несреќа во 19.30 часот по локално време во Дијарбакир и дека станува збор за пад на воен авион Ф-16.
По завршената воена вежба, авионот се враќаше во воена база, но поради за сега непознати причини падна на само неколку километри од базата.
Пилотот успеа да го активира катапултот и не се здоби со повреди во несреќата, но поради прегледи е префрлен во болница.
Покрената е истрага за причината на несреќата, а се претпоставува дека станува збор за технички квар на авионот.