Murat Tan,Hacer Başer
12 Декември 2016•Ажурирај: 13 Декември 2016
КАИРО (АА) – Четири лица се приведени, меѓу кои и една жена, во врска со вчерашниот напад врз катедралата на Коптите во Каиро, јавува Anadolu Agency (AA).
Во источниот дел од Каиро е организирана воена церемонија за загинатите во катедралата. На погребот, претседателот на Египет, Абдулфетах ес-Сиси одржа говор, во кој рече дека овој напад е изведен од бомбаш-самоубиец.
Тој изјави дека во врска со нападот се приведени четири лица, а пак сѐ уште се трага по две лица, чиј идентитет не е познат.
Во нападот во близина на катедралата на Коптите загинаа 25 лица, а 49 се повредени.
- Напади врз цркви и џамии во Египет во последиве години -
Во последните години во Египет, честопати цел се џамиите и црквите. Во бомбашкиот напад што се случи на плоштадот Хусејн во 2011 година, во близина на џамијата Хазрети Хусејн и неговото турбе, француски државјанин го загуби животот, а беа повредени 25 лица.
Десетици лица го загубија животот во напад врз црквата на Коптите во Александрија во 2011 година, а имаше и повредени. По државниот удар врз првиот претседател Мухамед Морси, беа организирани 60 напади врз цркви во различни градови во Египет. Истата година, во напад врз црквата Азра, во западен Каиро, во регионот Ел-Варак, загинаа 4 лица, а 17 беа повредени. На 28. јануари 2014 година, истата цркава беше цел на напад, при што загина еден полицаец. На југот на Каиро, пак, во градот Асван, во бомбашки напад пред џамијата Ен-Наср загинаа две лица, а петмина беа повредени.
Во 2015 година, цел на напад беше џамијата Мединетул Муневера, додека пак во јануари истата година беше нападната џамијата Имад Рагиб во градот Зегарик. Во западниот дел на главниот град, во напад врз протестанската црква беше повреден еден полицаец. Исто така, во западниот дел на Каиро, во експлозија пред џамиајта Селам загинаа шестмина полицајци, а тројца беа повредени.