ХATAJ / AФРИН (АА) - Турската хуманитарна организација ИХХ достави хуманитарна помош за жителите на селата во близина на Aфрин, кои вчера беа ослободени од терористите на ЈПГ/ПКК, во рамки на операцијата „Маслинова гранка“, која започна на 20 јануари, со цел елиминирање на терористичките елементи во северозападниот дел на Сирија, кои за време на окупацијата од селата и градовите во тој регион протераа стотици илјади луѓе.
Селим Тосун, претставник на ИХХ, одговорен за медиуми, за новинарот на Anadolu Agency (AA), при посетата на селото Кавкаб, изјави дека по ослободувањето од терористите, на жителите од ова село, прво им била донесена хуманитарна помош во форма на храна, хигиенски препарати за деца и возрасни и лекови.

Тој истакна дека волонтерите на ИХХ укажаа на итна потреба за дополнителна медицинска помош за селаните од ослободените села.
„Откако нашите лекари-волонтери ги прегледаа локалните жители, ќе продолжиме да помагаме“, додаде Тосун.

- Регионот на Африн ослободен од терористите -
Подрачјето на Африн во северозападна Сирија го сочинува истоимениот град и уште шест други помали градови. Сите центри на градовите се ослободени од терористите.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со Турското право, засновано на Меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот: 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, во јули 2012 година, без борба, на терористите од ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и во Европската Унија (ЕУ). ПКК, уште од средината на 1980-тите години, води терористичка кампања против Турција.
- Терористите на ЈПГ/ПКК протераа стотици илјади луѓе -
Ширејќи ја својата окупација од Африн на запад и од Тел Абјад и Хасека на исток, терористичката организација ПЈД/ПКК протера стотици илјади Арапи, Курди, Асирци и Tуркмени, со цел да се воспостави постојана окупација на пограничниот појас на Сирија.
Aфрин е подрачје во северозападна Сирија, а на исток граничи со територија, која Турските вооружени сили и Слободната сириска војска ја ослободија за време на седуммесечната офанзива „Штитот на Еуфрат“, која заврши во март минатата година.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, без борба, контролата во Aфрин ја предадоа на терористите на ПЈД/ПКК, во средината на 2012 година.
Во почетокот на 2016 година, пред почетокот на офанзивата „Штитот на Еуфрат“, терористите од Aфрин започнаа со окупацијата во областите на исток.
Терористите од Aфрин го нападнаа местото Тел Рифат и протераа најмалку 250.000 цивили, кои избегаа во соседен Aзаз, под контрола на опозициската Слободна сириска војска (ССВ).
Станува збор за цивили од вкупно 60 населени места, окупирани од терористите.
Челникот на локалното Собрание во Тел Рифат, Махмут Алит, за АА претходно изјави дека раселените цивили чекаат да заврши терористичката закана од Aфрин за да се вратат во Тел Рифат.
Турските вооружени сили и Слободната сириска војска во неделата воспоставија контрола во Aфрин во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, која започна на 20 јануари, со цел ослободување на Африн од страна на терористите на ПЈД/ПКК и ДЕАШ, а една од целите на операцијата е овозможување на враќањето на цивили во соседниот Тел Рифат.
Терористите на ПЈД / ПКК, пред почетокот на операцијата „Маслинова гранка“, под окупација држеа четвртина од територијата на Сирија и 65 отсто од сириско-турската граница.
Терористите на ПЈД/ПКК вршеа притисок врз цивили во Aфрин, Тел Рифат и другите окупирани подрачја, со цел насилно да ги носат луѓето на боиштата или во притвор.
Сличен пограничен поход од терористите на ПЈД / ПКК, доживеаја и цивилите во регионите на источниот брег на Еуфрат.
Во јули 2015 година, терористичката организација го окупира Тел Абјад, кој се наоѓа помеѓу Хасека и Кобани, а во тоа воздушна поддршка им обезбеди американската војска.
Координаторот на Врховниот совет на сириските етнички групи и племиња, Хамад ал-Асад, изјави дека терористите на ПЈД / ПКК, уште во 2012 година тргнаа во вооружен марш, во прогон на арапското, курдското, туркменското и асирското население во северниот дел на Сирија.
Истакнувајќи дека Советот ги следи состојбите во сите населени места во северниот дел на Сирија, Ал-Асад изјави дека терористите на ПЈД / ПКК, од тој регион, со исклучок на Aфрин и периферијата, протерале вкупно 1.955.000 цивили.
Според податоците на Советот, терористите од Мунбич протерале 250.000 Арапи, од Камишли 150.000, од Кобани 40.000, од Амуд 25.000, од Дирбесије 20.000 Курди, Aрапи и Асирци, потоа од Шедад 120.000, од Ал Хор 30.000, од Сулук и Тел Абјад 180.000 Aрапи. Од Тел Хамис и соседните места протерани се 150.000 Aрапи, Kурди и Aсирци, од Рака и Танк, 350.000 Арапи и 30.000 Tуркмени.