Diyar Güldoğan
13 Јуни 2018•Ажурирај: 14 Јуни 2018
КАРС (АА) - Министерот за транспорт, поморство и комуникации, Ахмет Арслан, денес изјави дека новите услуги на патничкиот железнички сообраќај меѓу Турција и Иран ќе започнат на 18 јуни, јавува Anadolu Agency (AA).
„Постои товарна пратка меѓу Турција и Иран. Сепак, не постои патнички транспорт. На 18 јуни меѓу Табриз (северозападен Иран) и Ван (источна покраина на Турција) ќе започнеме со патничкиот железнички сообраќај, кој беше одложен три години“, изјави Арслан во источната област Карс.
Министерот изјави дека првиот воз од Табриз ќе замине на 18 јуни, а од Ван на 19 јуни.
Тој додаде дека возот ќе оди двапати неделно од Табриз во Ван и обратно.
„Ова е важно за нашата земја и за нашиот регион“, изјави Арслан.