Orhan Onur Gemici
17 Август 2019•Ажурирај: 18 Август 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека неутрализирани се шест терористи во рамки на операцијата извршена на руралното подрачје на местото Шемдинли при турскиот град Хакќари, јавува Anadolu Agency (AA).
Според писменото соопштение на ова Министерство, тимовите на градската Жандармериска команда извршиле операција со поддршка од воздух во ова подрачје.
Се вели дека во рамки на оваа операција неутрализирани биле шест терористи.
Откриено е дека овие терористи биле членови на таканаречената група „Авашин Басјан Чарчела“ Avaşin Basyan Çarçela“ при терористичката организација ПКК.
Оваа група учествувала во бројни терористички напади.